Сини зони: Каде живеат најдолговечните луѓе и која е нивната тајна?

Ви ја откриваме!

Дали знаете дека најголемиот број најдолговечни луѓе на планетата Земја живеат само на пет локации? Случајност?! Па, не би рекле! Постои можност, ако ги истражиме нивните навики, да ја откриеме формулата за долг и среќен живот…

ПЧЕНКА ОВОШЈЕ И ТВРДА ВОДА

Никоја, Костарика

Здравствените трошоци на Костарика изнесуваат само 15 отсто од трошоците на најразвиените земји во светот, а притоа жителите на оваа јужноамериканска држава живеат подолго и значително се поздрави од која било друга земја во Европа.

Последните четири века, жителите на Никоја живеат во релативна изолација, па нивната култура се формирала одвоено од остатокот на земјата. Генетички не се разликуваат од другите жители, но кај нив е забележана најниска стапка на голем број болести, особено на рак на желудник.

Портокали и пченкарни погачи

На прашањето со што се хранат, сите 100-годишни жители одговориле исто: грав, ориз, пченкарна погача и вода. Пченката дефинитивно го зазема централното место на нивното мени.

Од неа приготвуваат разни погачи, кои ги јадат со секој оброк. Интересно е тоа што варената или печена пченка има повеќе хранливи состојки од свежата, а со нејзино редовно консумирање се намалува и нивото на холестеролот во крвта.

Долговечните луѓе во овој регион консумираат многу зеленчук, разновидно тропско овошје, било од сопствената бавча или од блиската шума.

Најпопуларно овошје е портокалот: одличен извор на витамин Ц, влакна, калиум и фолна киселина, кои помагаат за превенција од срцеви заболувања, рак и мозочен удар.

Приврзаност кон семејството и животен план

Истражувачите откриле дена жителите на Никоја веруваат во Господ, имаат силна работна етика и посветени му се на семејството. Интересно е тоа што 75 отсто од долговечните жители признале дека имале љубовници, но речиси ниеден од нив не се развел.

Како и на Окинава, голема важност има постоењето на животна цел, која на Костарика се вика „plan de vida“ (животен план).

Калциум и тврда вода

Истражувајќи ги факторите за долговечност во Никоја, Бјутнер открил дека водата на овој полуостров има поинаков минерален состав од другите делови на земјата. Потврда е и има повеќе калциум. Како што се воспостави, во регионите со потврда вода нивото на срцеви заболувања е 25 отсто пониско во однос на регионите со помека вода.

И повторно сонце

Никоја е област со најмногу сонце на Костарика. Луѓето многу време поминуваат надвор, што придонесува за создавање витамин Д. Недостигот од овој витамин се поврзува со многу болести, а редовен 15-минутен престој на сонце го надоместува неговиот дефицит во организмот.

Важноста на верата

Жителите на Никоја многу веруваат во Господ. Увереноста дека Господ ја носи одговорноста за нивниот живот во значителна мера ги намалува стресот и анксиозноста кај нив за иднината. Убедени се дека некој постојано ги чува.

9 ПРАВИЛА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА

Бјутнер откри девет заеднички правила што ги почитуваат долговечните луѓе, а кои може да ги применува и секој од нас ако сака да живее здраво, долго и среќно. Креирајте сопствена сина зона!

1 БИДЕТЕ АКТИВНИ, НО НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ

Никој од долговечните луѓе не води седентарен начин на живот. Постојано се во движење. Многумина од нив цел живот се занимавале со физичка работа, а на стари години пешачат по неколку километри на ден или со велосипед одат на пазар и на гости. Нивната физичка активност е со слаб интензитет, но претставува составен дел од секојдневјето.

2 ЈАДЕТЕ ПОМАЛКУ

Намалете го внесувањето калории за 20 отсто. Како и Јапонците, јадете само кога сте гладни и додека сте гладни. Долговечните луѓе дневно внесуваат 1.900 калории, цел живот се хранат со помали порции природна непреработена храна, а повеќето од нив дури и не пробале индустриски преработки, газирани пијалаци или брза храна.

3 ПРЕТЕЖНО ЈАДЕТЕ РАСТИТЕЛНА ХРАНА

Најдолговечните луѓе се хранат со зеленчук што сами го одгледуваат во своите бавчи, дополнувајќи ја исхраната со интегрални житарки, компир или со пченка. Овие намирници се богати со растителни влакна, витамини и со минерали. Никој од нив не јаде месо, поточно – го јадат исклучително ретко.

 4 ПИЈТЕ ЦРНО ВИНО, НО УМЕРЕНО

Чаша-две квалитетно црно вино на ден го намалува ризикот од срцеви болести и го редуцира стресот. Покрај тоа, чаша вино со оброк придонесува за внесување помалку калории. Но внимавајте на количеството, затоа што неговата неумерена консумација го зголемува ризикот од канцер и од други болести.

 5 ПРОНАЈДЕТЕ ЖИВОТНА ЦЕЛ

Најстарите жители се будат наутро знаејќи дека имаат некаква цел. На Окинава тоа се вика икигаи, во Костарика „plan de vida“, но и другите жители на сините зони имаат јасна животна цел, што им помага подолго да го зачуваат бистриот ум. Тоа не мора да е нешто важно за човештвото – најчесто е поддршка за семејството или секојдневно занимавање со некоја работа или хоби.

6 НАМАЛЕТЕ ГО СТРЕСОТ

Без разлика на тешкотиите што ги имаат, долговечните луѓе во секоја ситуација остануваат смирени и стабилни. Никогаш не брзаат, доволно спијат, уживаат во секојдневните дреболии и не се плашат од животните пречки.

Ендокринолозите го поврзуваат стресот со стареењето: стресот ги активира воспалителните процеси во нашето тело, ослабувајќи го имунитетот, па со текот на времето доаѓа до развој на голем број болести.

7 ПРОНАЈДЕТЕ ВЕРА

Долговечните луѓе ѝ припаѓаат на некоја религија или веруваат во нешто. На Сардинија и во Никоја главно се католици, во Лома Линда припадници на Адвентистичката црква, а на Окинава ги почитуваат духовите на предците. Верата им помага да го задржат оптимизмот и да се изборат со стресот. Освен тоа, припаѓањето на религиска заедница придонесува и за активност во социјалниот живот.

8 СЕМЕЈСТВОТО НА ПРВО МЕСТО

Жителите на сините зони семејството го ставаат на прво место. Нивниот живот се врти околу бракот, децата, внуците и семејните обврски. Знаат дека не се сами и не се загрижени за староста, децата често ги посетуваат, а се случува и по неколку генерации да живеат под ист покрив.

9 НЕГУВАЈТЕ ГИ ПРИЈАТЕЛСТВАТА

Опкружете се со луѓе со кои делите исти вредности. Докажано е дека луѓето со широк круг пријатели живеат подолго, а тоа го потврдуваат и 100-годишните жители на сините зони. Секој ден се гледаат со пријателите: Окинавците со своите групи пријатели – моаи, жителите на Сардинија секоја вечер се дружат во кафеана, а адвентистите во Калифорнија одат во црква.

Текст: Катја Јаковлјева

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.