Што (не) е вистински маж: Барак Обама го дал одговорот поради кој целиот свет му се поклонува!

Прочитајте!

Посилниот пол дефинитивно има што да научи од поранешниот американски претседател

Поранешниот претседател на Америка Барак Обама гостувал во една емисија, а во таа прилика го прашале да каже што мисли за мачо имиџот на мажите и што за него значи терминот „вистински маж“.

„Мора да сфатиме дека да се биде маж првенствено значи да се биде добар човек. Ако сте сигурни во вашата сила, не треба да ја докажувате понижувајќи ги другите. Покажете ја вашата сила воздигнувајќи некој друг“, нагласил Барак.

Уште пред неколку години тој покренал иницијатива преку која се труди на афроамериканските младичи и деца да им помогне да сфатат како да го достигнат својот полн потенцијал и да им биде пример за тоа како еден маж треба да се однесува во јавност и на кое било друго место.

„Идејата да се дефинираме себеси како мажи според тоа колку можеме да доминираме над некого е само прастаро размислување. Иронично е, но со тоа само ја покажувате вашата ранливост. На пример, ако сте сигурни во својата сексуалност, не мора да имате околу себе осум жени кои тверкуваат со задникот. Кога се однесувате така, очигледно е дека всушност сте под стрес“, вели поранешниот американскиот претседател.

Тој уште една го подвлекол својот став и им пратил порака на сите припадници на машкиот пол.

„Да бидеш маж не значи да бидеш способен да доминираш, туку да бидеш способен да бидеш одговорен, да работиш напорно, да бидеш љубезен, полн со почит и да бидеш сочувствителен“, заклучил Барак Обама.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.