Шакира во бикини личи на сосема обична жена: Сега ни е уште подрага!

Нема да ја препознаете

Колумбиската пејачка уживала на плажа со сопругот и децата, и тоа во крајно опуштено и природно издание

Папараците ја фотографирале Шакира на плажа! И токму кога помисливме дека Шакира во бикини сигурно е права секс-бомба, реалноста е малку поинаква.

Шакира на плажа е далеку од секс-симбол, но тоа воопшто не ни пречи! Пејачката на плажа се појавила во виолетов горен дел со реси, кои го криеле стомакот, додека со бикините комбинирала широки шорцеви што ѝ го покривале задникот.

Да се разбереме – Шакира е згодна! Но она што многумина ги изненади е нејзината „нормалност“ и опуштеност на плажа. Во еден момент наликува на сосема нормална, обична жена.

Ги знаете оние мигови кога одите со децата на плажа, се фрлате во брановите и уживате како повторно да имате десет години? Тогаш го облекувате најудобниот костим за капење, оној што им се спротивставува на брановите и немирните детски рачиња, не носите шминка, накит и други непотребни работи. Во тие моменти, само уживате.

Изгледа дека Шакира го нашла рецептот за среќа и тоа е многу поважно од совршениот изглед!

Шакира се врати: Спотот ќе го погледнете повеќепати! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.