Колач од јагоди без печење: Сочен, освежителен десерт што ќе ве освои за миг! (ВИДЕО)

Божествен десерт

Сезоната на јагоди започна и најдобро е да ги јадете свежи, но штета би било да не ги искористиме и за приготвување на највкусните торти и колачи

Веруваме дека многумина од вас пробале слатко и џем од јагода, но овој пат ви откриваме рецепт за фантастичен колач.

Приготвувањето е повеќе од едноставно и сигурно лесно ќе се снајдете, дури и да немате преголемо искуство во кујната. Овој колач не се пече, па затоа нема потреба да вклучувате рерна и дополнително да валкате садови.

Состојки:
  • 450 г јагоди
  • 140 г шеќер
  • 600 мл млеко
  • 50 г пченкарен скроб
  • 20 г путер
Приготвување:
  • Измешајте 250 г јагоди со 80 г шеќер и сето тоа изблендирајте го или иситнете го миксер.
  • Потоа, сипете млеко, промешајте, па процедете.
  • Во смесата додајте скроб и ставете ја да се вари. Постојано мешајте, додека смесата се згусне.
  • Потоа, сипете ја во огноотпорен сад и оставете ја половина час во фрижидер.
  • Исечкајте ги преостанатите јагоди, а путерот измешајте го со 60 г шеќер и стопете го.
  • Потоа, додајте ги исечканите јагоди и варете ги уште малку, постојано мешајќи.
  • Сипете ги преку филот и оставете ги уште еден час во фрижидер.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

Сочен гриз-колач кој е вистински доказ дека наједноставното е секогаш најдобро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.