Секој од нас ја добива оваа супермоќ од раѓање: Дали умеете да ја искористите?

Најважна во животот

Секој од нас има некоја мрачна сенка од минатото, грешка или траума, но и покрај тоа, заслужувате да бидете среќни

Освен животот, кој е најголем благослов, од раѓање добиваме вистински подарок од универзумот – можноста да бидеме среќни.

Се раѓаме како битија составени од разни емоции, но со текот на времето се губи нашата наивност, отвореноста на умот што ја имаме како деца, чувството за ситници и забораваме дека сме создадени за максимално да ја искористиме нашата вродена дарба – среќата!

Тоа дека среќата е наша вродена способност и дарба, го покажува и нашето тело кое во депресивно расположение се чувствува уморно и слабо. Од друга страна, кога нашиот ум е среќен, и нашето тело е здраво, енергично и полетно.

Животните околности можат да предизвикаат да ја потиснеме среќата како дарба и сосема во ред е во одредени околности да се чувствувате тажно. Не треба да форсирате лажен оптимизам и да ги потиснувате чувствата, туку треба да се освестите дека заслужувате апсолутна среќа во секој момент од вашиот живот, тоа е вашата дарба, дел од вашето битие.

Во негативни ситуации, обидете се да усвоите посветла перспектива и наместо да се фокусирате на негативното, фокусирајте се на можностите. Не дозволувајте да тапкате во место и надворешните околности во целост да ви го избришат фактот дека секогаш заслужувате среќа.

Кога ќе се освестите дека ваше потполно право е да бидете среќни, полесно ќе се концентрирате на вашите цели, ќе ги разбирате вашите потези, ќе расудувате и ќе остварувате напредок. Среќата ни помага да креираме добри патишта и да бидеме уште посреќни.

Секој од нас има некоја мрачна сенка од минатото, грешка или траума, но и покрај тоа, заслужувате да бидете среќни.

Среќата ве прегрнува и ве прифаќа апсолутно такви какви што сте!

Еве како да добиете сѐ што ќе посакате во животот: Моќна техника што привлекува среќа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.