Подготвен е да ја изнесе својата страна на приказната: Таткото на Меган Маркл ѝ испратил понуда на Опра Винфри!

Не сака повеќе да молчи

Страста по интервјуто на Меган Маркл и принц Хари сѐ уште не стивнува

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс и сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, лично ѝ доставил писмо на водителката Опра Винфри, барајќи да го интервјуира за односот со ќерка му.

Тој му го предал писмото на обезбедувањето на Винфри и понудил да ја раскаже својата страна на приказната откако војвотката од Сасекс во „интервјуто на деценијата“ што го дале таа и нејзиниот сопруг, зборувала за тоа дека татко ѝ ја предал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mci (@mycelebrityandi)

Инаку, имотот на Опра Винфри се наоѓа само неколку километри подалеку од имотот на којшто живее Меган Маркл со сопругот и со синот кои Томас никогаш не ги запознал.

„Томас ѝ достави писмо на Опра Винфри барајќи да го контактира за да може да каже како изгледаат работите од негов агол. Ова не е никаква опомена за Хари и Меган, туку е упатено директно на Опра, бидејќи Томас смета дека заслужува да каже што мисли за интервјуто“, кажал анонимен извор за медиумите.

Да се потсетиме, Меган Маркл во интервјуто што го дале таа и нејзиниот сопруг за Опра Винфри, изјавила дека одредени членови на кралското семејство биле загрижени за тоа каква боја на кожа ќе има нивниот син Арчи, а зборувала и за тоа дека помислувала на самоубиство.

По интервјуто, Томас Маркл дал изјава за ITV во која кажал дека не верува дека кралското семејство е расистичко.

Во Холивуд се појавија графити со ликот на Меган Маркл: „Биди смирен и зборувај вистина!“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.