Религија и обичаи: Како се празнува Бадник?

Бадник името го добил по гранка од даб – бадник, која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, а мал дел од нив се одржале до денес.

Имено, денес обичаите се приспособени на времето во кое живееме, па бадниковото гранче најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се приготвува риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле бадникови гранки и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир.

Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадниково гранче, се веселат и пеат православни песни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.