Правила на животот што секоја жена мора да ги усвои: Најмудрите зборови што некогаш ќе ги прочитате!

Правила на Оливија Џулс

Правилата на Оливија Џулс се преземени од книгата „Оливија Џулс“ и од бујната фантазија на авторката Хелен Филдинг

1. Не паничи. Застани, диши, мисли.

2. Никој не мисли на тебе. Сите мислат само на тебе, исто како и ти.

3. Никогаш не ја менувај фризурата или бојата на косата пред важен настан.

4. Ништо не е ни толку лошо ни толку добро колку што изгледа.

5. Прави го она што би сакала и другите да ти го прават на тебе.

6. Подобро е да купиш една скапа работа што навистина ти се допаѓа отколку неколку евтини што само половично ти се допаѓаат.

7. Малку работи се навистина важни. Ако се изнервираш, запрашај се: „Дали ова навистина е важно?“

8. Тајната на успехот е во тоа како се справувате со неуспехот.

9. Биди искрена и добра.

10. Купувај го само она во коешто би заиграла.

11. Верувај им само на своите инстинкти, не на својата бујна имагинација.

12. Кога си во неволја, провери дали тоа навистина е неволја така што:

а) ќе си помислиш „батали го“ тоа

б) ќе го согледаш проблемот од поведрата страна и ако тоа не успее, ќе го согледаш од смешната страна.

Ако не успее ништо од горенаведеното, можеби навистина си во неволја, па прочитај ги правилата под 1. и 5.

13. Не очекувај светот да биде безбеден, а животот праведен.

14. Понекогаш мора да ги пуштиш работите да одат по својот тек.

15. Не жали за ништо. Запомни дека ништо друго не можело да се случи, имајќи предвид дека каква си била тогаш и во каква состојба биле работите. Единственото што можеш да го измениш е сегашноста, па затоа учи од минатото.

16. Ако почнеш да жалиш за нешто и си помислиш „Требаше да…“, секогаш додај, „но можеби  тогаш би ме прегазил камион или торпедо би ме кренало во воздух“.

„Се’ повеќе читам книги, а се’ помалку бришам прашина“: Мудроста на оваа жена ќе ве освести!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.