Познатиот фотограф зборува за долгата борба и за операцијата: „Сите параметри укажуваа на тоа!“

Дејан Милиќевиќ искрено

Благодарение на операцијата за намалување на желудникот, многу луѓе успеваат да ослабат, но често не зборуваат за тоа во јавноста. Сепак, фотографот и режисер Дејан Милиќевиќ искрено раскажа како се чувствува сега, две и пол години по интервенцијата.

 

Тој откри и што многумина ги интересира, а тоа е дали се враќаат килограмите, како и дали му се вратиле кризите кога има голема желба за храна, но и со какви предизвици се соочува сега.

Навистина си дозволувам апсолутно се’, секако дека грешам во многу случаи, па потоа се каам или ако земам повеќе од тоа што можам да сварам, ми се случува да имам некоја тешкотија и да почувствувам дека сум претерал со храна. Зборувам за навистина многу мали количини храна, која е сосема во ред да се зема неколку пати во денот, но понекогаш посакувам сето тоа да трае малку подолго, за да ги заситам сите сетила и да ми се случува да претерам“, призна популарниот фотограф.

Тој, исто така, истакна дека кога ги изгубил првите 50 килограми по операцијата, во тој момент му изгледало премногу.

Лицето ми беше многу пропаднато. Едноставно, јас сакам да бидам крупен човек, не сакам да бидам исушен мртовец, бидејќи не сакам да изгледам болно“, искрено објасни Деки, и продолжи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic)

Слободно можам да кажам дека бев болен човек кој сакаше да ја пронајде својата среќа, да оздрави и да ја намали својата тежина. Бескрајно талкав по нутриционисти, теретани… Се обидував да ослабам 30 години, јас не се здебелив преку ноќ. Тежината ја влечев 30 години, тоа е ‘приказна без крај’, тоа е навистина еден бумеранг“, призна фотографот.

Според Милиќевиќ, за време на диетата си гладен, нервозен, уморен, а покрај крвниот притисок, имал и други здравствени проблеми поради вишокот килограми.

Бев на работ на дијабетес 2, бев буквално на работ, резултатите на шеќерот во крвта ми беа покачени и сите параметри укажуваа дека ако продолжам со тоа темпо, следен чекор е дијабетесот“, истакна Дејан и додаде дека сега се’ е во ред со неговото здравје.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.