Оваа Унгарка течно зборувала 16 јазика: Ја открила едноставната формула со која ги совладала како на шега!

Интересно

Ако сте се прашувале која е едноставната формула за учење странски јазик, Като Ломб открила совет што вреди злато

Унгарката Като Ломб, која се занимавала со професионално преведување, можела да се пофали со фактот дека зборувала дури 16 странски јазици. Таа дала 10 важни совети за сите оние што сакаат да научат и да совладаат нов јазик, со оглед на тоа што самата таа успеала да ги совлада на овој начин.

Работела исклучиво со учебници и белетристика на јазикот што го проучувала. Својот метод на усвојување јазици го претставила во книгата „Како учам јазици“.

Нејзиниот принцип „комплетно потонување на јазикот“ се покажал како многу ефикасен.

Клучен елемент во нејзиниот пристап е принципот „комплетно потонување во јазикот“: совладување на граматиката паралелно со читање оригинални текстови и помнење стабилни фрази што најчесто се користат во усниот говор.

Ова се нејзините правила:
  • Секојдневно вежбајте го јазикот. Доволни се само 10 минути дневно. Особено добро е да го правите тоа наутро.
  • Ако немате желба за учење, немојте да се принудувате. Оставете ја книгата, но учете го јазикот преку радио, музика, разговор…
  • Запишете ги или запомнете ги сите „готови фрази“ што можат да се користат во што поголем број случаи.
  • Обидете се ментално да преведете сè што е возможно: билборди, натписи на плакати, парчиња од случајно наслушнати разговори… Тоа е секогаш релаксирачко, дури и ако навистина сте уморни.
  • Учете или читајте само правилни четива. Никогаш не користете текстови со грешки. Тие грешки ќе ви влезат во главата и нема да можете лесно да ги исфрлите.
  • Напишете готови фрази и научете ги во прво лице еднина. На пример: „Само се шегувам“ и слично.
  • Странскиот јазик е тврдина што мора да се нападне од сите страни истовремено: со читање весници, слушање радио, гледање филмови што не се преведени, одење на предавања на странскиот јазик, работа со учебник, допишување, разговори и слично…
  • Не плашете се да разговарате, не плашете се од можните грешки, туку барајте да ве поправат. Што е најважно, немојте да се навредите ако навистина почнат да ве поправаат.
  • Верувајте дека сто отсто ќе го совладате тој јазик.

Като Ломб имала едноставна формула со помош на која ги совладувала сите јазици:

Време + камата = резултат

Или, да појасниме малку:

Потрошено време + камата/ ограничување (страв од грешки) = резултат.

За тоа колку Като Ломб обожавала да учи јазици сведочи и овој афоризам од нејзиниот живот.

Кога Като Ломб (86) го сретнала својот пријател Стив (54), му кажала:

„Стив, толку си млад! Толку многу години те чекаат, толку многу јазици што можеш да ги научиш!“

3 лоши навики што ги имаат натпросечно интелигентните луѓе: За сите други, тие се НЕЗАМИСЛИВИ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.