Древен ритуал кој привлекува среќа: Запишете го ова на хартија и гледајте како ви се остваруваат желбите!

Со позитивни мисли до целта

Фото: Pexels

Магичната техника 5х55 ги остварува сите желби

Сите сакаме да ни се остварат желбите и плановите што побрзо, а благодарение на овој древен ритуал, тоа е возможно. Тој, всушност претставува техника на манифестација и нè учи како со позитивни и правилни мисли да добиеме сè што ќе посакаме.

Доколку сакате да привлечете среќа, љубов, пари или благосостојба во својот живот, можете да го испробате популарниот метод на манифестација со име 5х55.

Вака функционира техниката 5х55:

Сè што треба да направите е на хартија да го напишете она што сакате да го привлечете во својот живот. Запишувајте ги вашите желби 55 пати во текот на денот. Можете да манифестирате речиси сè што сака вашето срце.

Оваа техника на манифестација најдобро функционира ако останете фокусирани само на својата желба. Смирете го вашиот ум ако почне да талка додека пишувате.

Ако во периодот на манифестација почнете да ги гледате броевите 111, 222, 333 или 1111, вашата манифестација е многу близу за да стане ваша реалност. Доколку почнете да ги сонувате вашите желби, тоа е знак дека привлекувањето дејствува.

Манифестацијата е една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе. Не постојат други алатки за манифестирање освен вашиот ум и одлучност. Обидете се да не размислувате за тоа кога ќе се остварат вашите манифестации. За сè во животот потребно е време, така што треба да бидете трпеливи.

Оваа техника, ако размислите малку подобро, не е никакво волшебно стапче. Оваа техника ќе ве натера да ги фокусирате мислите на она што го сакате и она што ви е приоритет моментално. Кога мислите ни се фокусирани на желбата и целта, ние несвесно правиме сè за да ги реализираме, затоа оваа техника е толку делотворна.

Таа во текот на тие 5 дена кога ги запишуваме желбите, ни го тренира мозокот да го бара патот кон целта на секој чекор.

10 начини да дознаете што е среќа за вас: Кога ќе ви биде тешко, прочитајте го ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.