Ако правите една работа за вашето здравје овој месец, направете… НЕШТО НОВО!

Секој ден се будите, приготвувате појадок, пиете кафе, одите на работа…

Повеќето од нас имаат рутина која ја повторуваме. Иако ваквиот распоред е често неопходен, не треба да дозволиме нашиот живот да почне да наликува на „Денот на мрмотот“, бидејќи тоа значи дека секогаш ги активираме истите нервни врски. И тоа не е добро за здравјето на нашите „мали сиви клетки“.

Ако секој пат ги решаваме секојдневните задачи на малку поинаков начин, го менуваме нивниот редослед или постепено ги подобруваме новите вештини, создаваме нови нервни патишта, кои му помагаат на нашиот ум да остане витален, а нашето расположение на исто ниво. Да, учењето нешто ново може да нѐ направи посреќни, велат невронаучниците.

Имено, новитетите кои ги внесуваме во нашите животи влијаат на делот од мозокот каде што се наоѓа центарот за наградување, што резултира со ослободување допамин. Покрај тоа, постојат и други здравствени придобивки.

Истражувањата покажуваат дека кај луѓето кои се генетски предиспонирани за Алцхајмерова болест, а кои почнале да учат странски јазик на зрели години, појавата на оваа болест е одложена.  Причина: создавање нови нервни врски.

Друг совет: за да ги максимизирате придобивките од учењето нова вештина или стекнувањето ново знаење, преспијте, па повторете.

Повторувањето е клучно, но многу е важно да е испрекинато со квалитетен сон, бидејќи така се создаваат нови нервни врски, вели д-р Алисон Барт, професорка по биолошки науки на Универзитетот Карнеги Мелон.

Да речеме дека пробувате нов метод на сликање со акварел и го повторувате за 12 часа. Шансите подобро да ја совладате новата техника или вештина се поголеми ако спиете седум до девет часа помеѓу два интервали на учење.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.