Јапонски метод против мрзливост: Доволна ви е само 1 минута дневно!

На сите им успева

„Од понеделник почнувам нов живот, ќе одам во вежбалница, ќе вежбам јога….“ – секој од нас повремено си поставува некои цели и не ги исполнува, туку ги префрла за следниот месец, за неколку месеци, за наредна година…

Понекогаш, со голема волја почнуваме да го правиме она што сме го замислиле, но ќе почнеме да вежбаме три пати неделно по неколку часа еден месец, за потоа да ги занемариме вежбите подолго време. Зошто се случува ова? Затоа што оптоварувањето е големо, затоа што досадува, а навиката сè уште не е развиена.

Методот „кајџен“ или принципот од 1 минута

Постои јапонски метод кајџен, кој се заснова на принципот од 1 минута.

Суштината на овој метод се состои од тоа да се занимавате со нешто конкретно точно 1 минута, но секој ден, во исто време.

Една минута е многу малку, па затоа е и лесно изводливо за секој човек. Мрзеливоста нема да ви стои на патот. Истата работа што не сте сакале да ја правите половина час, измислувајќи изговори и оправдувања, со леснотија ќе ја направите за 1 минута.

Скокајте на јаже, правете стомачни вежби, правете вежби за очи, вежбајте јога, прочитајте книга, што било – кога времето е ограничено на една минута, работите не изгледаат тешко изводливи, а секако носат радост и задоволство. А правејќи мали чекори, ќе станете совршени и ќе постигнете одлични резултати.

Ќе ја победите несигурноста, ќе се ослободите од чувството на вина и беспомошност, ќе чувствувате успех и слобода.

Инспирирани од чувството на успех, постепено ќе ги зголемувате едноминутните вежби на петминутни и така натаму. Потоа, незабележливо ќе стигнете до триесетминутни вежби.

Напредокот е очигледен!

Кајџен настанал во Јапонија. На луѓето од западната култура овој метод може да им се чини неефикасен, бидејќи на Запад втемелено е верувањето дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати.

Сепак, големите програми кои одземаат многу сила и енергија, можат да го скршат човекот и да не вродат со резултати.

Принципот кајџен им одговара на сите и може да биде применлив во многу животни сфери.

Јапонците, на пример, ја користат стратегијата на постепено и постојано унапредување во сферата на менаџментот.

Останува само да почнете да го применувате методот кајџен, според вашите потреби.

Дали денот ви е крајно стресен? Со помош на овие неколку методи, останете мирни во секое време
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе