Со овие два додатоци што ги имате во фрижидерот зготвената пченка ќе го има најдобриот вкус досега

Едноставен трик

Ретко кој може да се спротивстави на мирисот на варена или печена пченка на градските улици или плажи. Освен што е здрава, самиот вкус е фантастичен, а токму оваа храна има повеќе придобивки ако е термички обработена. Исто така, не мора да чувствувате вина откако ќе ја изедете, бидејќи еден кочан има само 80 до 100 калории.

Претежно луѓето ја готват само во солена вода, но за да го добијат најдобриот вкус, доволно е да додадете две состојки што секој ги има во фрижидерот. Овие се едноставни – млеко и путер.

https://www.instagram.com/p/CAkoRzyjPLo/?utm_source=ig_embed

Состојки: 

  • 6 кочани пченка
  • вода
  • чаша млеко
  • 100 гр путер
  • лажичка сол

Подготовка:

  1. Наполнете го садот во кој ќе готвите до половина полн со вода
  2. Кога водата ќе зоврие, истурете чаша млеко, путер и сол во неа
  3. Кога сите состојки се растворат и се комбинираат во мазна смеса, додадете ја пченката
  4. Намалете ја топлината и варете ја 8 до 10 минути, а потоа отстранете ја пченката.

Прочитајте и: Ова се намирниците што го саботираат патот до тенка фигура

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.