8 знаци дека вашето тело страда, а вие не сте ни свесни за тоа: Сигналите што многумина ги игнорираат, можат да ви го спасат здравјето!

Внимавајте!

Овие 8 знаци укажуваат на тоа дека на нашето тело му треба помош

Нашето тело е уникатна „машина“ што може да оствари многу работи и во која постојано се случуваат многу работи во истата секунда. Понекогаш телото ни дава до знаење дека нешто не е во ред со него, а тоа не би требало да се игнорира.

Еве некои сигнали што телото ги испраќа и кои не би требало да ги игнорираме…

1. Грчеви во нозете, несоница и раздразливост

Овие знаци може да бидат показател дека на вашето тело му недостасуваат магнезиум и калиум, а тоа можете да го надоместите со јадење домати, портокали, банани и спанаќ.

2. Сува кожа

Тоа значи дека ви недостига витамин Е, па мора да јадете повеќе зеленчук и масло, риба и јаткасти плодови.

3. Обрнете внимание ако одненадеж ви затреба благо

Ова се појавува како последица на стрес, депресија и премореност, па на вашето тело му треба глукоза. Не претерувајте, бидејќи ќе качите килограми. Подобро е да изедете црно чоколадо или мед.

4. Имате желба да јадете мраз

Тоа значи дека можеби имате анемија или недостиг од железо. Најдобрите извори на железо се говедското месо и јајцата.

5. Косата и ноктите ви се кршливи

На вашето тело му недостига витамин Б. Ви треба повеќе млеко, морски алги или печурки.

6. Прстени околу зениците

Ова е знак на стареење, што е нормално. Но ако се појави кај млади луѓе, тоа е знак на холестерол, па одете на лекар.

7. Грчко стапало

Тоа значи дека средниот прст ви е подолг од вториот прст и тоа може да биде причина за појава на плускавци и непријатно чувство на стапалото во дното на вториот прст.

8. Непцата ви крвават

Тоа е знак дека ви недостига витамин Ц, па почнете да јадете домати, зелка, цитрусно овошје, зелена и црвена пиперка, спанаќ, брокули и карфиол.

3 скриени знаци што откриваат дека црниот дроб не работи како што треба: Гневот ја попречува функцијата на овој орган!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.