Ослободете се од мамурлакот со сладолед: Додајте ја само оваа СОСТОЈКА во омилениот десерт

Најновата иновација ни доаѓа од Јужна Кореја, а ни помага да го надминеме најтешкиот мамурлак со помош на омилениот десерт.

Светската здравствена организација ја прогласи Јужна Кореја за најголем потрошувач на алкохол во Азија. Верувале или не, во оваа земја се консумира двојно повеќе алкохол отколку во Русија, а навлезен е во сите сегменти од животот.

Токму затоа, корејски синџир продавници прв измислил и продал сладолед кој го третира овој проблем. Самата индустријата за лекување на мамурлак е многу успешна и вредна околу 126 милиони долари.

Сладоледите за лекување мамурлак се со вкус на грејпфрут и содржат мала количина овошен сок од суво грозје.

Од 17 век, Корејците го користат сок од суво грозје како лек за мамурлак, бидејќи се покажал како многу ефикасен.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.