ИНВЕСТИРАЛ МИЛИОН ДЕНАРИ во куќата, планира да изгради уште еден дел, а многумина би избегале од таму како муви без глава! 

Неверојатно!

Секој сака малку зеленило во својот дом. Без разлика дали станува збор за мал фикус или за букет цвеќе, една или две билки можат значително да го разубават и освежат просторот. Сепак, има еден страствен љубител на растенија, кој откри дека потроши дури 20.000 фунти на својата страст.

Џони Балчандани (34) купил толку многу растенија што целосно му го презеле домот. Иако може да се пофали со пространа куќа со пет спални соби, успеал да ја наполни со повеќе 3.000 билки и создаде неверојатна колекција.

Билките ги добивам од продавачи и одгледувачи од целиот свет, имам многу од Индонезија и Јужна Америка – објаснува Џони и додава дека ниту професионалните градинарски центри немаат таква понуда на растенија како што има тој дома.

Некои од ретките растенија чинат и до 850 фунти, но сепак тој ја споделува својата страст со своите деца Феникс (3) и Талула (2), како и со својата партнерка Шарлот (33).

Всушност, Џони се надева дека неговите деца ја наследиле неговата љубов кон билките и дека ќе ја наследат и неговата значителна колекција.

Иако куќата е исполнета до таванот со растенија, тој не планира да престане да ги собира, дури планира да изглади уште еден дел на куќата за да има простор да го прошири своето хоби. Исто така, постои можност дека ќе мора да најде личност која ќе треба да му помогне да се грижи за градината, бидејќи неговата сегашна рутина вклучува; прскање на растенијата со пестициди, проверка на нивото на влажност, проверка на новите фиданки во стаклената градина и грижа за нив, отстранување на исушените лисја и наводнување.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.