Не пропуштајте: Во продажба е новиот број на „Руски доктор“

Еве што ќе читате во него

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Младоста е убава за гледање, но староста е прекрасна за споделување мудрост. Затоа средбите со луѓето во поодминати години секогаш ни се драгоцени, но честопати нѐ наведуваат да размислуваме за староста.

И тогаш, сфаќаме дека единствено нешто што е важно за секој човек е да остане здрав, особено мозокот да му остане бистар и на стари години, затоа што старечката деменција ги одзема памтењето и разумот, па дури и говорот.

Сепак, постојат ефикасни методи што овозможуваат да се совлада деменцијата или барем да се ублажи и одложи.

Меѓу другото, се препорачуваат друштвени игри и секојдневно читање, кои ја одржуваат мозочната активност во добра форма.

Секако, не смееме да заборавиме дека за здравјето на нашиот организам огромна важност имаат и малите органи, како што  е штитната жлезда, која мора да работи како часовник. Таа произведува т.н. тироидни хормони, кои заедно со имунолошкиот и нервниот систем ја регулираат работата на клетките практично на сите органи и системи.

Токму затоа во темата на овој број се опфатени речиси сите аспекти на предизвиците за справување со болестите на штитната жлезда, кои, за жал, денес не се невообичаени.

Нашите руски стручни соработници откриваат кои се причините за заболувањата и детално се осврнуваат на методите на лекување и на факторите што придонесуваат за зачувување на здравјето на оваа жлезда.

Сите ние, вообичаено, кога нешто ќе нѐ заболи, земаме спасоносна таблета. Но залудно брзаме… Покрај традиционалните аналгетици, постојат и природни „апсорбирачи“ на болки…

Драги наши, вооружете се со корисни совети и нема да имате проблеми!

Ваша Сузана Митревска, уредничка на „Руски доктор“

Во продолжение, ви ги откриваме содржините што можете да ги прочитате во 55-от број на специјализираното списание за унапредување на здравјето „Руски доктор“!

6 Полипи во жолчното ќесе

7 Последици од сончањето

9 Природни впивачи на болка

10 Штитна жлезда: како да остане здрава

16 Надмудрете ја деменцијата

20 Десет факти за главоболката што ќе ве изненадат

21 Крв од носот загрижувачки симптом

22 Помош, дијареја!

28 Хроничен умор кај тинејџерите

30 Закиселените производи штитат од болести и од стареење

32 Стрес кај децата: кога е штетен, а кога корисен

34 Салон за убавина во домашни услови

35 Јадења што се чудо за црниот дроб

36 Изберете ја својата „жива“ каша

38 Ода на лукот

40 Огрозд – градител на имунитетот

42 Лековитите „стрели“ на индискиот кромид

43 На болните зглобови ќе им помогне сено

45 Моќните луковици на шарените цвеќиња

47 Руска традиционална куќа – изба

48 На што мириса вашиот дом?

50 Гагат лекува гихт и главоболка

ПЛУС: 2 совети за унапредување на здравјето од руските специјалисти:

1 Млеко со ѓумбир го зајакнува имунитетот и, подобрувајќи ја крвта, благотворно влијае на работата на сите органи. Овој пијалак најдобро е да се пие наутро.

2 Кај жените што имаат дијабетес, поради растот на нивото на инсулинот во организмот, ризикот од развој на рак на грлото на матката е зголемен за двапати.

Фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.