Наташа Беквалац: „Депресијата е луксуз за богати, кој јас не можев да си го дозволам“

Пејачката откри дека ниту пребродила, ниту победила

Без разлика на тоа што и’ беше најлошата година во животот, Наташа Беквалац одлучи 2018-та да ја испрати со насмевка на лицето, за инает на сите и на се’.
Во заедницата која сакав да ја сметам за семејство, а која се распадна на најлош возможен начин, нема победник или барем јас не сум тој. Ниту пребродив, ниту сум победник, јас сум само жена со едно грдо искуство плус, со уште еден пораз, но побогата и со најголемото богатство што ми го подари животот, мојата ќерка Катја. Тагата најдобро се крие зад насмевка“, искрена беше пејачката во разговорот за „Хелоу“.
Депресијата, анксиозноста и самосожалувањето се луксуз на богатите, јас таков луксуз не можев да си дозволам, па одлучив да бидам среќна за да бидат моите ќерки и моето семејство горди на мене. Во мигот кога ќе добиете бебе, а имате постара ќерка тинејџерка, и двете деца ви се прекрасни, здрави и преубави, безобразие и фрлање кал на Бога и на животот значи дека сте сеоткажале од среќата. нема добар совет освен да пронајдетељубов во себе“, порача поп-пејачката.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.