На мисицата ѝ ја ампутираа потколеницата, но таа позира насмеана: Деталите од нејзината трагедија
Не ја симнува насмевката од лицето
Бившата „мис на унивезумот“ Даниела Алварез заврши на операција за која не ни претпоставуваше дека ќе ѝ го смени животот.
На убавата Колумбијка во 33-та година од животот лекарите морале да ѝ ја ампутираат потколеницата поради компликациите што настанале во текот на операцијата на израсток во абдоменот.
Израстокот ѝ ја нарушил циркулацијата во ногата поради што лекарите биле принудени да ѝ ја ампутираат левата потколеница.
Не ми треба стапало кога имам крилја. Подготвена сум да ги прифатам сите предизвици во животот“, изјави Даниела, зад која се дури четири комплицирани операции.
Но и покрај тоа, таа никогаш не потклекна, а поради својата храброст, ведриот и оптимистичен дух стана медиумска сензација низ целиот свет.
Поранешната мисица покажа дека го сака своето тело еднакво како и пред загубата, давајќи им поддршка и поткрепа на сите што се наоѓаат во слична ситуација, а на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии од болницата, преку кои му се заблагодари на семејството за поддршката, но и на медицинскиот персонал, кој беше покрај неа во најтешкиот период.
Фото: Instagram @pageanttimes