Јелена Карлеуша (42), во друштво на својот адвокат, се појави на судењето по повод тужбата против еден српски медиум.

Она што јасно се гледа на фотографиите снимени пред зградата на судот во Белград е дека пејачката за ова судење не се потрудила да изгледа во стилот на „дива“, туку во стилот на Французинка.

Затоа избра долг, бел фустан со црни туфни, рамни и црни балетанки, црна беретка и црна заштитна маска. Косата и беше незадолжително заврзана во лабава плетенка, а притоа беше и ненашминкана.