Луѓето се разболуваат од неисполнети желби: Мудри мисли на Индијанците

Толку вистинито!

Тоа бил народ кој живеел во целосна хармонија со природата и затоа им изгледал уназадено на „цивилизираните“ Европејци

Индијанците по грешка го добиле ова име. Имено, европските поморци сметале дека прекуатлантските земји што ги откриле се всушност Индија. Тоа бил народ кој живеел во целосна хармонија со природата и затоа им изгледал уназадено на „цивилизираните“ Европејци.

За тоа колку биле понапредни и подобри од остатокот од светот сведочат нивните мудрости што ја отсликуваат интеракцијата меѓу човекот и природата. Нивните мисли истовремено биле и едноставни и длабоки:

  • Добриот човек гледа добри знаци.
  • Секому му требаат тивки денови за да се слушне себеси.
  • Оној што молчи знае двојно повеќе од говорникот.
  • Неопходно е само да се умре.
  • Домот е таму каде што се чувствуваш добро.
  • Во секој човек се борат лош и добар волк. Волкот што го храниш, секогаш победува.
  • Сè на светот има своја песна.
  • Детето е гостин во вашата куќа: го храните, го учите и го пуштате.
  • Знаењето се крие во секое нешто. Некогаш целиот свет бил библиотека.
  • Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се отруе последната река, кога ќе се улови последната птица, дури тогаш ќе разберете дека парите не може да се јадат.
  • Сакај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш од своите деца.
Индијански хороскоп: Откријте кое животно се крие во вас!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.