Култната „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман пристигна на македонски

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.

„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација. 

Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателствотоНик Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта. Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказна чија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладите и повозрасните читатели кои веруваатво подобар свет и повозвишени идеали.

Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.