„Будење на свеста“: Авантура испреплетена со универзални знаења кои ја поттикнуваат личната и духовна преобразба

Моќната двојка, која заедно ја создава својата животна империја, верува дека книгата има моќ позитивно да го трансформира животот на сите човечки битија во општеството.

Издавачката куќа Паблишер со задоволство ве кани на промоцијата на книгата „Будење на свеста“, првото заедничко дело на авторите Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ. Промоцијата ќе се одржи на 7 февруари (четврток), со почеток во 19 часот, во хотел „Мериот“.

„Будење на свеста“ не е обична книга, туку е авантура испреплетена со универзални знаења кои ја поттикнуваат личната и духовна преобразба. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Оваа книга ќе ви овозможи вистински да се спознаете себеси и свесно да ја косоздавате својата реалност. Новиот свет е нова димензија на постоење сега и овде, свесно разбирање дека во универзумот постои творечка моќ која е извор на целокупното постоење. „Будење на свеста“ е водич за оваа лична и колективна преобразба.

Катерина Ангеловска е сертифициран тренер за принципите на успех според методот на Џек Кенфилд, води разновидни обуки и семинари и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации. Авторка е на книгата „333 афирмации“, која постигна голем успех во Македонија, по што беше преведена на албански и на англиски јазик. Радован Витошевиќ, магистар по економски науки, повеќе од десет години работи како извршен директор во повеќе компании во повеќе земји, себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор.

Оваа моќна двојка, која заедно ја создава својата животна империја, верува дека книгата има моќ позитивно да го трансформира животот на сите човечки битија во општеството.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.