Подарок за 1 читателка: „Езеро“ од Бјанка Белова

Подарок од Издавачки центар „ТРИ“

Издавачкиот центар „ТРИ“ на една читател на списанието „Убавина и здравје“ му го подарува ремек-делото „Езеро“ од Бјанка Белова.

Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.

Рибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго…

Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од мартовската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во априлскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.