Славните сопружници со невообичаен подарок за својот наследник

Тенисерката и фудбалерот се „отворија“ милион евра

Фото: Getty Images

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер минатата недела го прославија првиот роденден на својот син Лука, на кого му подарија стан во Германија, вреден повеќе од милион евра, ексклузивно дознава „Курир.рс“.

Ана и Бастијан инвестираат во иднината на своето првенче. Не се двоумеа за неговиот роденденски подарок, бидејќи сакаа да му подарат нешто што ќе му значи цел живот. Факт е дека и двајцата се финансиски обезбедени, но недвижнините никогаш не губат вредност, особено во Германија. Бастијан е емотивно врзан за Минхен. Тоа е градот во кој играше фудбал и во кој му живее семејството“, раскажува изворот.

Фото: Getty Images

Иако сопружниците живеат во хотел во Чикаго, сепак, нивна база е Германија.

Тоа е една од моментално најдобрите локации во Минхен. Станот има околу 150 квадрати, три спални соби, една детска соба, голем дневен престој, огромен балкон, гаража, кујна и два тоалета. Интересно е тоа што се’ е на копче, на пример, ако сакате да слушате музика, само го изговарате името на иведувачот и уредот се вклучува“, завршува изворот за „Стори.рс“.

Извор: Стори.рс, Курир.рс

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.