КРИЗИ ВО ЖИВОТОТ: Како да се пребродат

Советува Наталија Трубиновска, светска патничка и истражувачка на древните цивилизации

Понекогаш во животот ни се случуваат трагични настани – развод, отпуштање од работa, болест, смрт на близок… Било да се во прашање сериозни непријатности или голем умор, има денови кога сѐ изгледа бесмислено. Како да ги совладате периодите кога сѐ ви се урива и мислите дека немате причина да живеете понатаму?

Кога ни се случува нешто лошо, толку ни е тешко што ни се чини дека никогаш нема да ни биде добро. Многумина во таква состојба трошат пари на антидепресиви и сомнителни седативи и се обидуваат да ја вратат радоста во животот на разни начини штетни по здравјето – со алкохол, наркотици и др.

А некои не можат да ги поднесат искушенијата, па се обидуваат да се самоубијат.

Од друга страна, има луѓе што успешно ги надминуваат непријатните ситуации и по некое време му се враќаат на редовниот живот. Како им успева тоа и како да се преживее нешто тешко?

Секој има свој метод – некој со часови шета низ парк, некој гледа интересни филмови, некој оди во вежбалница. Понекогаш тоа е тешко, но сепак морате некако да ги одвлечете мислите.

Постојат неколку сосема едноставни методи што можат да ви помогнат делумно да ја отстраните напнатоста, да го видите светлото на крајот на тунелот, да се смирите и да пронајдете излез од тешката ситуација.

На голем број луѓе во таквите ситуации им помага вода. Можете да направите бања и да се трудите да не мислите на ништо. Ве советуваме да замислувате како водата ве полни со енергија и мие сѐ што е негативно од вашата душа.

Понекогаш бањата има закрепнувачко дејство на човекот скаменет од тага. Имено, човек многу лесно може да се расплаче во врела вода, но солзите во таква ситуација многу се корисни бидејќи го олеснуваат страдањето.

Секому му е потребно да се исплаче – тоа е совршен метод на ослободување на душата. Многумина не го прават тоа, па ги таложат негативните емоции во себе, а тоа може да доведе до хронична депресија и различни болести.

НЕГУВАЈТЕ СЕ

Негата им помага на жените да ги преживеат тешките периоди. Доколку ви се случило нешто страшно, со денови лежите во кревет во стар домашен фустан, не се чешлате и за ништо не ви е грижа, знајте дека кризата може само да се влоши. Потребно е буквално да се натерате да станете и да почнете да правите нешто со себе – да одите на фризер, да направите маникир…

Негата ги одвлекува жените од мрачните мисли и им помага да се чувствуваат сигурни во себе.

Пред неколку години на еден од каналите на руската телевизија се емитуваше интересно шоу „Клуб на бившите жени“. Во секоја емисија водителите им помагаа на оставените жени да го преживеат разводот. Ги водеа на стилисти, козметичари, во продавници за облека и комплетно го менуваа нивниот изглед. Така жените со овенати очи и безживотна коса се претвораа во убавици сигурни во себе.

Патем, во истата емисија имаше и други делотворни методи за промена на начинот на живот. Имено, на учесничките комплетно им ги менуваа становите, ги правеа поудобни и поубави.

Ги поттикнуваа да ги исфрлат вишокот работи, предмети или облека што предизвикуваат негативни емоции и спомени. Им помагаа да остварат некој дамнешен сон – да почнат да се занимаваат со танц или да престојуваат на некое убаво место.

Интересно е што сето тоа се совпаѓа со препораките на древните ведски трактати што се однесуваат на победување кризи.

На крајот на емисијата водителите ѝ приредуваа состанок на убавата одморена жена со нејзиниот бивш маж. Многу мажи беа изненадени од она што го гледаа, некои се обидуваа да ја вратат изгубената љубов, но оно што е најважно е дека жените стануваа задоволни со себе и подготвени да се впуштат во борба со животот.

КОРИСНИ РИТУАЛИ

Како и водата, така и огнот помага да се ослободите од црнилата во душата. Можете да запалите свеќи – колку повеќе толку подобро. Многу е корисно да гледате во огнот и да го почувствувате мирисот на ароматичните свеќи, бидејќи пријатните мириси ослободуваат од стресот и донесуваат добро расположение.

Патем, интересно е што практично секоја религија во своите ритуали користи мноштво фактори што му помагаат на човекот да се опушти и да ја преживее болката. Тоа се свеќи, пријатни мириси, тивка музика, звуци на ѕвоно, миење итн.

Затоа на многумина што се во криза им помага одење во црква или одредени религиски ритуали што може да се спроведуваат и дома.

 Извор: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.