Кој е роден во март е посебен: Еве зошто!

Дали вие сте дел од овие среќници?

Нивниот имунитет е најсилен во споредба со децата родени во други сезони.

Еве што науката вели за луѓето родени во март:

Голема е веројатноста дека лесно ќе напредуваат на професионално ниво

Луѓето родедни во овој месец е најверојатно дека ќе седат во директорка фотелја. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори кои се родени во март е поголем од оние родени во било кој друг месец.

Една студија има докажано дека од 375 извршни директори, 12,5% биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште, бидејќи мартовските деца често се постари од останатите во своето одделение.

 

Прочитајте и: Големо истражување конечно открива: Ова е рецептот за среќа кој важи за сите луѓе!

 

Поретко имаат проблеми со видот во споредба со оние родени на лето

Додека оние родени во јуни и јули треба да си ја проверат диоптријата, бебињата родени во март најверојатно нема да го имаат овој проблем. Истражување спроведено на 300.000 војници открило дека оние кои се родени во текот на летото имаат голема веројатност да бидат кратковидни, додека децата кои се родени напролет ретко имаат проблеми со видот.

 

Природно се оптимистични

Истражување од 2014 година открило дека луѓето родени во март (како и оние во април и мај) имаат природно вроден оптимизам. Резултатот на истражувањето покажал дека тие имаат најпозитивен поглед кон светот.

 

Тие имаат помал ризик од астма

Во овој период од годината има многу прашина и иако тоа е иритантно за оние кои имаат алергии, одличен е за бебиња родени во март. Според истражување од 2015 година, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сите овие грини во раното детство го зајакнува нивниот имунолошки систем.

 

Најверојатно се ноќни птици

Едно истражување за спиењето открило дека децата родени напролет и налето генерално одат во кревет подоцна од оние кои се родени наесен и во зима.

 

Во хороскоп ќе бидат Риби или Овни

Овие два хороскопски знаци се познати по својата одлучност и страственост. Родените помеѓу 1 и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние кои се родени по 20 март припаѓаат на пролетните Овни. Овните се познати како огнени и страствени луѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.