Кога ќе ви биде тешко, сетете се на овие зборови: Мудри мисли од познатиот психолог Дејл Карнеги

Лек за душата

Зборовите се моќни, тие можат да ја излекуваат душата, да ја ублажат тагата и да го избркаат стравот, а мислите и советите од Дејл Карнеги, сите мора да ги прочитаат

Писателот, психолог и педагог Дејл Карнеги размислувал и живеел по принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои лесно може да се променат. Доволно е само го промениот вашиот однос кон нив. Не треба да си го расипувате животот и расположението на другите поради непријатните околности.

На неговите совети никој не останал рамнодушен и навистина вреди да ги прочитате и примените…

1. Стравот постои само во вашиот ум и на ниедно друго место.

2. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен.

3. Секој човек е будала барем пет минути дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се пречекори таа временска граница.

4. Ако судбината ти подари лимон, направи лимонада.

5. Научете да се ставате себеси во положбата на другиот човек и да разберете што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе го поддржи оној што ќе успее да го направи тоа.

6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот, и еден од најефективните.

7. Ако сакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.

8. Замислете си ги најлошите последици што може да ги предизвика вашата постапка, однапред помирете се со нив и потоа дејствувајте.

9. Насмевката не чини ништо, а многу вреди.

10. Многумина им се јавуваат на докторите кога им треба публика.

11. Луѓето не ги интересираат ни јас, ни вие. Наутро, напладне и навечер, тие се занимаваат само со себе.

12. Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тој веќе почнува да вреди нешто.

13. Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да бил светец, никогаш не би се оженил со вас.

14. Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на кој било јазик.

15.Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не.

16. За мудриот човек секој ден почнува нов живот.

17. Не утре. Денот за спасување на човекот е денес.

Успех не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да знаеш да станеш: 9 животни лекции од моќниот Конфучие

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.