Како да одвоите време за одмор и вистински да се опуштите дури и ако работите од дома?

Корисни совети

Фото: Getty Images

Работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот стана вообичаена за многумина. Не само што се промени нашиот начин на работа, туку и нашиот начин на одмор. Наместо да јадеме ручек во ресторан со колегите, сега каснуваме сендвич, истовремено проверувајќи и пораки. Како да го смените тоа?

„Исклучително е важно да се исклучите, да се обидете да се ослободите од работата за време на паузата за ручек“, вели Никлас Волтер од Германскиот институт за советување за професионално здравје (ИФБГ).

Добра идеја е да ја активирате функцијата „летување“ на паметениот телефон.

„Ако бев во кантината со моите колеги за време на паузата за ручек, веројатно не би одговарал на телефонските повици. Ако ниту тоа не ви помогне, чувајте го вашиот мобилен телефон во фиока во биро што можете да ја заклучите. Тоа е одличен начин да ги тгнете очите од екранот“, вели Волтер.

Луѓето кои живеат сами и им недостига да зборуваат со други луѓе, можат да организираат ручек со нив за време на паузата. Идеално, исто така треба да се погрижите да организирате ручек надвор од дома додека работите од дома, не одите премногу далеку, затоа што на тој начин би можеле да бидете изложени на непотребен стрес. Но, Волтер вели дека таа одлука зависи и од индивидуата и дали таа сака да се одмори со другите луѓе. Тој додава дека интровертите веројатно ќе претпочитаат да поминат пауза за ручек во ресторан без друштво на други луѓе.

Покрај паузата за ручек, секој што работи од дома, треба да се обиде да воведе уште неколку кратки паузи во нивниот дневен распоред. Ако работите од дома, „имате можност да одморите кратко“, вели Волтер. Може да легнете на троседот, но важно е да не заспивате повеќе од петнаесет минути.

„Поставете аларм за 17 до 20 минути за да бидете сигурни дека не заспивате“, советува тој.

Поради пандемијата на коронавирусот, празниците оваа година ќе бидат различни, а подолгите патувања сè уште се многу неизвесни. Но, Волтер препорачува промена на околината во секој случај, особено ако вашиот дом се претвори во канцеларија.

„Ако можете, обидете се да „избегате“ од дома и да ја смените околината на неколку дена“, советува тој.

И за крај: за време на празниците, исклучете го компјутерот и друга опрема од „домашната канцеларија“ веднаш штом ќе завршите со работата закажана за тој ден или додека сте на одмор, особено ако се наоѓа во кујната или спалната соба.

Прочитајте и: 10 начини да дознаете што е среќа за вас: Кога ќе ви биде тешко, прочитајте го ова!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.