Имав 100 килограми и не можев да поднесам сопругот да ме гледа! Го напуштив една година, а потоа се вратив и сега изгледам БРУТАЛНО ДОБРО! (ФОТО)

Вистинска приказна

Британката Џема Велш од Ливерпул во еден момент од животот имала 100 килограми, а се здебелила толку многу што не можела да го поднесе погледот на својот сопруг Пол.

Нејзината самодоверба целосно опаднала, а психичките промени се одразиле и на нејзиниот брак, па по 12 години љубов, сопружниците одлучиле да се разделат една година, за да осознаат кои се нивните желби и потреби. Дури ја продале и куќата!

Џема почнала да се дебелее откако ѝ бил дијагностициран меланом во 3 стадиум поради бенка на лицето. Стресот си го направил своето.

По таа дијагноза во 2015 година, почнав брзо да се дебелеам, бев мизерна и го допрев дното. Избегнував да ме фотографираат, бракот ми се распадна, не можев да се погледнам и не сакав мојот сопруг да гледа во мене. Пол ме сакаше без разлика на големината, но јас не се сакав себеси. Верувам дека не е важно колку килограми имаш додека си среќен, но јас бев толку далеку од тоа да бидам среќна“, ја почнува својата приказна оваа 31-годишна жена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by G E M 🤍 (@mrsgemshome)

Почнав лоша врска со храната. Се прејадував, па се терав да повраќам, па гладував. Тоа беше маѓепсан круг. Пробав еден куп диети, но не успеав да ослабам. Затоа одлучив да одам во Турција на операција на желудникот. Тоа беше моето последно решение. Операцијата ме чинеше три илјади фунти“, додаде таа.

Во рок од осум месеци по операцијата, Џема ја достигнала посакуваната тежина од 63 килограми, а потоа изгубила уште неколку килограми.

Сега имам 60 килограми и никогаш не сум се чувствувала подобро. Иако, сето ова не го направив поради бројката на вагата. Сакав да се чувствувам добро и да бидам комотна во облеката што ја носам. Сега имам нов живот и мојата самодоверба е поголеми од кога било“, вели таа.

Оваа Британка по трансформацијата му се вратила на сопругот.

Имав една година да се грижам за себе и да се средам. Сега повторно сме заедно и многу сме среќни. Пол ме сакаше безусловно, но се чувствував многу лошо поради мојата тежина. Тоа беше главниот фактор за прекинувањето на нашиот брак. Многу сум среќна што сме заедно повторно и што можам да носам облека за која не ни сонував дека ќе можам да ја облечам“, заклучила Џема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by G E M 🤍 (@mrsgemshome)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.