Еве што можете да прочитате во декемвриското издание на „Руски доктор“

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

Со вежбање во младоста го подобрувате функционирањето на својот мозок во староста…

Секој човек копнее по љубов, а декември е доба кога оваа потреба е особено нагласена – бидејќи природата се смирува, а човекот бара топлина. Но тука е розовиот кварц – на кој од памтивек му е припишувана способноста за дарување љубов и привлекување романтични односи во животот. Ова е и доба кога поради пониските температури насекаде нѐ демнат опасности од разни настинки, вируси и голем број други здравствени компликации. Едноставно, декември е месец кога мора да бидеме многу внимателни и целосно посветени на нашето здравје.

Затоа, во служба на здравјето, нашите соработници, руски специјалисти, лекари и фитотерпаевти во овој број пред сѐ сериозно внимание ѝ посветуваат на кашлицата, која има многу лица, а зад секое од нив се крие различна болест, но против која можете да се борите и со помош на руски народни рецепти. Покрај тоа, Русите располагаат и со огромен арсенал рецепти за чаеви, тинктури и одвари од лековити тревки и билки што помагаат при голем број здравствени тегоби на штитната жлезда, црниот дроб и простатата, но и на срцето. Еден од нивните совети е уште денеска да почнете да си го чувате срцето.

И не заборавајте секојдневно да се борите против стареењето на организмот. А оној што сака да остане силен, здрав и млад, но и да си го продолжи животот, треба да биде умерен во сѐ.

Вистинскиот пат за продолжување на животот, пред сѐ, е победа над причините за болестите. Бидете победници и неуморни трагачи по долговечноста.

Ваша Сузана Митревска, уредничка на „Руски доктор“

Содржините во декемврискиот број на списанието можете да ги прочитате на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.