Eдна од најубавите 86-годишни жени нема намера да се пензионира (ФОТО)

Еве како изгледа во деветата деценија од животот

Италијанската актерка Софија Лорен на 20 септември го прослави својот 86-ти роденден, но таа одбива да се пензионира.

Шармантната оскаровка, родена како Софија Вилани Шиколоне, ѝ се врати на својата работа со улогата во драмата „Живот однапред“, остварување на Едоардо Понти, за жената што го преживеала холокаустот и води престојувалиште во кое го прифаќа 12-годишното момче коешто штотуку ја ограбило.

Ова е големо изненадување за оние кои што ја почитуваат Софија Лорен, која не ја гледаме често во јавноста, а последен пат снимила нов филм во 2010 година, кога во филмот за сопствениот живот, „Мојата куќа е полна со огледала“, ја глумеше својата мајка Ромилда.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.