Лепа Брена ја издава својата „карингтонка“ под кирија: Да не „зјае“ празна додека ужива во Мајами

Секоја паричка ѝ е добредојдена

Фото: Бошко Карановиќ

Додека Лепа Брена (60) и Боба Живојиновиќ (57) уживаат во Мајами, нивната луксузна вила, која според изгледот е наречена „карингтонка“, на Бежаниска коса во Белград не „зјае“ празна.

Српските медиуми пишуваат дека популарната пејачка ѝ ја отстапила својата вила на агенцијата што се занимава со изнајмување на објекти за снимање реклами, серии, филмови, спотови и преостаната телевизиска продукција.

А за овој бизнис Брена ќе добива 1.000 евра на ден. Таа и Боба се договориле за потребите на изнајмување да се користи целото приземје.

Наводно, многумина биле заинтересирани и многу им се допаднал изгледот на елитната резиденција, но деталите за изнајмување се чуваат во строга тајност.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.