Борбата на популарната водителка продолжува: „Иако се гледа дека сум дошла до самото дно, сè уште не се откажувам од надежта“

Нема многу можности

Дебора Џејмс неодамна открила дека канцерот на дебелото црево од кој боледува „брзо напредува во лоша насока“

Триесет и четиригодишната водителка на „Би-би-си“, Дебора Џејмс, која живее со канцер на дебелото црево во четврти стадиум, на социјалната мрежа Инстаграм порача дека тестовите во лондонската болница покажале загрижувачки резултати.

Дебора истакна дека во последните денови не се чувствува добро.

Вистина е дека мојот канцер никогаш всушност не исчезна. На кратко „заспа“, но сега повторно се врати и овојпат лековите не делуваат“, напиша водителката во својата колумна за „Д сан“.

Дебора детално објаснила и какви можности има сега, додавајќи дека нејзиниот онколог „сака да се врати на хемотерапија“.

Акцентирала дека веќе ја преминала границата поради тоа што ѝ пркоси на процената дека луѓето со канцер на дебело црево живеат најмногу две и пол години по дијагнозата, а нејзе истата ѝ била поставена во 2016 година.

Немам многу можности. Знам, истражував сè со часови“, додала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


Таа во петокот објавила фотографија со сопругот Себастијан, па се пофалила поради тоа што го држи семејството заедно во текот на оваа „луда и застрашувачка седмица“ во која добила и нова дијагноза. Инаку, парот има две деца, Хуго (12) и Елоиз (11).

Иако се гледа дека сум дошла до самото дно, сè уште не се откажувам од надежта“, напишала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Дебора минатата година почнала да консумира нови експериментални лекови кои штотуку се испитуваат, а за тоа „зелено светло“ добила од својот онколог.

На оваа Британка во декември 2016 година ѝ бил дијагностициран канцер, а таа повеќе пати истакнала дека како вегетаријанец била последната личност за која докторите би рекле дека боледува од таа опасна болест.

И натаму се плашам, и натаму го претпоставувам секое можно сценарио. Сè уште ја мразам општата анестезија и секојпат се плашам дека нема да се разбудам. Се грижам дали нешто тргнало наопаку.

Се плашам дека среде ноќ ќе станам нервозна што морам да спијам сама во болница. Се прашувам што доколку умрам во текот на операцијата“, истакнала таа во некоја емисија, па додала дека пред одење во болница се труди „сè да биде во ред во нивниот дом“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Знам дека морам да ризикувам доколку сакам да живеам. Стратегијата ме донесе тука и нема сега да се откажам“, додала таа.

Таа изјавила дека мора да ја прифати веројатноста дека нема да може да ги види своите деца кога ќе станат полнолетни:

Навистина ми е тешко да ги гледам своите деца. Имам 13-годишно момче и 11-годишна ќерка и се прашувам дали некогаш ќе ги видам кога ќе наполнат 18 години, но веројатно нема. Сè што сакам е да имам иднина и да сонувам за иднината. Сакам да го доживеам својот 40-ти роденден, да направам голема забава, сакам да бидам 40-годишна жена, сакам да бидам Дебора, а не Дебора со канцер“, заклучила водителката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.