Само 6 месеци по трагичната смрт на дечко ѝ, Мерил Стрип се омажила за друг: Никој не верувал дека ќе опстане тој брак!

Судбина

Љубовта родена од пријателство и разбирање ги надминала сите предизвици

Сите знаеме дека успехот не е непознат поим за Мерил Стрип. Во текот на својата богата кариера, оваа актерка 21 пат била номинирана за Оскар, а златната статуетка дури трипати ја однела дома.

Поимпресивно од нејзините награди е тоа што Мерил е во брак со вајарот Дон Гамер цели 43 години.

Сè започнало кога во 1978 година Мерил го изгубила својот тогашен дечко кој починал од рак на белите дробови. Зашеметена од болка и загуба, Мерил пронашла утеха во Дон Гамер, најдобриот пријател на брат ѝ.

Мерил имала 29 години кога го снимила „Крамер против Крамер“. Во текот на снимањето престојувала во станот на Дон Гамер. Тогаш го освоила својот прв Оскар.

Само шест месеци по смртта на дечко ѝ, Мерил се омажила за Дон во дворот на куќата на нејзините родители во септември, 1987 година.

Никој не верувал дека нивниот брак ќе преживее. Дури ни мајката на Мерил Струп не била оптимист по повод на новата луда љубов на ќерка ѝ. Меѓутоа, Дон Гамер останал со славната актерка повеќе од 40 години.

Мерил и Дон имаат четири деца: музичарот Хенри Вулф (41), актерките Мејми (37) и Грејс (35) и моделот Луиза Гамер (30).

Мерил Стрип на работ на смртта: Актерката била претепана од страна на криминалци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.