Антонио Бандерас (58): „После болеста мојот живот не е повеќе ист!“

„Престанав да се нервирам поради ситници“

Не така одамна, шпанскиот актер Антонио Бандерас доби награда за најдобра машка улога на фестивалот во Кан. На прагот од 60-тата година, овој актер не се предава, ниту приватно ниту професионално.

„Мора да се прифатите себеси во различни временски периоди и мора да прифатите дека животот се менува. Но сепак мислам дека филмови не може да се гледаат на телефон, компјутер, па дури ни на телевизија. Во тој поглед, јас сум човек од стар ков кој сака и смета дека филмовите мора да се гледаат само во кино. Ќерка ми Стела гледа филмови на телефон. Јас тоа не го разбирам. И’ велам: ‘Како можеш да ја цениш светлоста, моќта на глумата, кога не можеш да ги видиш ни очите на актерот?’ ‘Тато, тоа не е важно. Го следам заплетот, развојот на настаните’, ми вели Стела. Но очигледно е дека не ја знае магијата на киното“, раскажал актерот.

https://www.instagram.com/p/BzVHC4RIZWe/?utm_source=ig_embed

Стела е ќерка на Антонио од бракот со Мелани Грифит. Тој брак траел 19 години, а се развеле во 2015 година.

Меѓутоа, Антонио Бандерас се’ уште ги негува пријателските односи со својата поранешна сопруга.

„Секогаш ќе бидам благодарен за времето поминато со Мелани. Ќе ја сакам до последниот ден од мојот живот. Мелани ми е пријателка. Многу ме тешеше кога не освоив Еми за улогата на Пикасо. Ми испрати прекрасна порака. Постојано се гледаме сите, Стела, Мелани и нејзините деца Дакота и Александар. Секогаш сум ги сакал и понатаму многу ги сакам. Тие секогаш ќе бидат во моето срце.“

https://www.instagram.com/p/BzQQ7csCIJa/?utm_source=ig_embed

Антонио Бандерас веќе четири години живее со Никол Кемпел (38), а за повторна женидба открил:

„Да, вљубен сум, но не би брзал со свадбата. Четири години сме заедно и се’ е во ред. Во едно сум сигурен: ако дојде до венчавка, тоа  ќе биде наша приватна работа, без публицитет.“

Пред две години актерот доживеал срцев удар и тоа било голем шок.

„Знаете, тоа многу ме промени. Сега се чувствувам добро. Престанав да пушам и се занимавам со спорт. Но сега сум многу почувствителен. Можам да заплачам додека читам поезија или гледам некој емотивен филм. Исклучив од животот некои безначајни работи и веќе не се нервирам за ситници“, искрено кажал актерот.

https://www.instagram.com/p/BzadRhCgvk6/?utm_source=ig_embed
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.