Со овие совети секоја жена во 40-тите може да изгледа беспрекорно како Амал Клуни!

ФОТО: Guliver/Splash

Познатата адвокатка блеска во петтата деценија, а ако ги послушате нејзините совети и вие ќе изгледате како неа

Амал Клуни (41) важи за една од најубавите дами на светот со беспрекорен моден стил.

Иако е во 40-тите години, сопругата на славниот холивудски актер Џорџ Клуни и мајка на две близначиња изгледа доста помладо.

Беспрекорно изгледала и по породувањето, а како тоа и’ успева, прочитајте во продолжение…

Утринска нега за убавина

Амал посветува големо внимание на бјути-рутината, а резултатот на тоа е негувана и беспрекорна кожа. Иако е во 40-тите, тоа не се гледа на нејзиното лице.

Откако ќе се измие и истушира, задолжително нанесува хидратантен крем. По хидратацијата користи задолжителен прајмер за заштита на кожата, која и’ дава подлога за долготрајна шминка.

Поради исполнетиот секојдневен живот, најмногу ги сака квалитетните производи за нега на лице кои ќе и’ помогнат секогаш да изгледа свежо и одморено и покрај сите обврски.

Утрото го почнува со вежбање

Иако има две деца, Амал не ја запоставува грижата за своето тело и редовно работи на себе и својот изглед. Згодната адвокатка секое утро одвојува по два часа за тренинг. Задолжителниот утрински ритуал го почнува со пешачење од еден час, што е докажано добро за намалување на ризикот од срцеви болести кај жените. Потоа, 20 минути се посветува на дигање тегови за издржливост и обликување мускули. Утринската гимнастика завршува со 30-минутен пилатес кој ја подобрува кондицијата и му дава флексибилност на телото.

Здрав појадок

Наводно, за нејзината вита линија заслужна е медитеранската рибја исхрана што ја вовела во своето мени пред две години кога станала мајка на близнаците Еле и Александар.

Еден од оброците во медитеранската кујна е супата од морски алги што Амал ја обожава. Таа се состои од јод, што содржи витамини, минерали, цинк, железо и разни антиоксиданси. Зошто да не ја пробате и вие?

Опуштање со утринско кафе

Џорџ Клуни еднаш изјавил дека неговата сопруга секое утро го почнува со омилената кафе. Откако  ќе се погрижи за децата, приготвува шолја кафе за себе и за Амал, која им дава сила за дневните активности, но и им го подобрува расположението.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.