Актерот ја врамил изреката на мајка му и ја закачил на ѕид: Оваа мудрост може да му помогне секому – многу е едноставно!

Мудри зборови

Мајката на Метју Меконахи толку често му ја кажувала оваа изрека, што тој решил да ја врами, бидејќи како што вели, кога мајка му зборува, сите молчат и слушаат

Можеме да научиме многу работи од мајка му на Метју Меконахи. За наша среќа, таа е подготвена да ја сподели својата мудрост со светот.

Со помош на својата снаа Камила, 91-годишната Кеј од неодамна стана активна на социјалните мрежи. Откако пред неколку дена се вклучила во живо на Инстаграм, Камила ѝ дала збор на свекрва ѝ, која имала да каже многу поучни и мудри работи.

„Па што сакаше да споделиш со луѓето денес?“, ја прашала Камила својата свекрва, напоменувајќи ѝ дека може да разговара и да им се обрати на луѓето преку оваа социјална мрежа.

„Сакав да им ја кажам на луѓето изреката што им ја кажував на моите синови додека растеа“, објаснила Кеј гледајќи во камерата.

„Тоа е: Сакаш да видиш роза во вазна или прашина на масата? Толку често го велев тоа што Метју, мојот син, навистина го врами тоа во една баш голема рамка и го закачи на ѕид: Сакаш да видиш роза во вазна или прашина на масата? Потоа стави огледало во рамката, па секој пат кога поминувам низ ходникот, морам да се погледнам и да го видам тоа“, рекла таа.

„Многу е лесно да се примени таа мисла. Таа не мора да важи само за денес“, заклучила Кеј.


Ова не е првпат Кеј да се појави на инстаграм-профилот на Камила давајќи совети. Во јануари таа објавила видео во кое нејзината свекрва дели совети за стареењето по повод нејзиниот 91-ви роденден.

„Немојте да се нервирате“, инсистирала таа.

„Исто така, хранете се правилно. Јадете чисто, јадете многу чисто. И задолжително вежбајте!“

„Најдобриот маж на Холивуд“ НЕ  КУПУВА СKAПИ ПОДАРОЦИ, но дава нешто за што некој би платил суво ЗЛАТО
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.