Невиноста ја чувала до 39-тата година, а потоа сопругот ја уништил: Ја сметале за божество, но починала во големи маки

Животна приказна

Офра Хаза беше легендарна израелска пејачка, а сопругот кого го обожавала ѝ го уништил животот

Едно од најпознатите имиња во историјата на популарната музика, секако, е израелската пејачка Офра Хаза, ретко талентирана жена од семејство на јеменски Евреи, која најпрво се прославила во Израел, но набрзо целиот свет слушна за нејзиното име.

Таа била родена во сиромашно семејство на имигранти во 1957 година, како деветто и најмладо дете. Се истргнала од канџите на сиромаштијата благодарение на огромниот талент и гласот со кого го маѓепсувала секој што ќе ја запознаел.

Кога имала 12 години, нејзиниот талент го открил агент од детскиот театар „Безалел Алони“. Нејзината кариера незапирливо се пробивала кон врвот на светската музика, додека локалните медиуми ја обожавале, опишувајќи ја со епитетот „Мадона од Истокот“.

Хаза со години нижела успеси со многуте феноменални синглови, најпродавани албуми и бројни настапи и фестивали, но и со работата на филмска музика. Круната на нејзината посветеност кон музиката ја добила во 1983 година кога ѝ се отвориле сите врати на светската сцена по освоеното второ место на Евровизија.

Најголема интернационална популарност стекнала со песната Im Nin’ Alu, а потоа јавноста ја маѓепсала и со прекрасната, трогателна нумера Deliver Us од анимираниот филм „Принцот од Египет“, која ја отпеала на вкупно 17 јазика.

И покрај славата и богатството, Офра останала приземна, посветена на семејството, високо морална и религиозна, поради што во родниот Израел важела за своевидно божество и легенда.

Живеела мирно, без ниту една дамка во кариерата, без компромитирачки фотографии со мажи, без трага од скандали. Напротив, Хаза била позната како жена што е во постојана потрага по голема љубов, решена да остане девица, сè до првата брачна ноќ.

Бројните додворувачи и запросувања не ѝ биле интересни и цврсто верувала дека Бог ќе ѝ покаже кој е човекот на нејзиниот живот. „Принцот на бел коњ“ за убавата Еврејка се појавил дури кога имала 39 години, а тоа бил бизнисменот Дорон Ашкенази.

Интересно е што Офра останала непризнаена во кругот на своето блиско семејство, кое постојано ги оспорувало нејзините заслуги и вредности, истакнувајќи дека жената без семејство е никој и ништо. Тоа најдобро го опишува реченицата на нејзиниот брат:

„Која е Офра, по ѓаволите? Само една немажена жена без семејство!“

Љубов што ја чинела живот

Иако не се знае многу за нејзиниот краток брак, извесно е дека токму сопругот ја заразил со СИДА, што индиректно придонело за нејзината прерана смрт. Имено, Офра трагично починала во 2000 година како последица на воспаление на белите дробови, предизвикано од вирусот ХИВ.

Нејзините последни денови биле проследени со голема болка. Поради љубовта со погрешен човек, нејзиниот ангелски глас прерано згаснал.

Само една година подоцна, починал и нејзиниот сопруг од предозирање. Деталите и вистината за смртта на брачната двојка останале мистерија до ден денес.

Шест месеци пред смртта, есента во 1999 година, Офра Хаза ги снимила своите последни материјали, кои до ден денес не се објавени.

Го сакала како бог, но таа за него била само забава: Трагичната судбина на дивата со ангелски глас која умрела од скршено срце!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.