Го сакала како бог, но таа за него била само забава: Трагичната судбина на дивата со ангелски глас која умрела од скршено срце!

Непреболена љубов

„Не може да се умре од скршено срце“, велат многумина додека не ја чујат приказната на Марија Калас

Но како можело да ѝ се случи тоа на жената која ги восхитувала луѓето со својот магичен глас?

Занесната жена и една од најголемите оперски певици на сите времиња, останала запомнета по многу улоги, но особено по улогата на Мадам Батерфлај, главна хероина на ориенталната приказна за една кратка романса. Хероината чека да ѝ се врати саканиот од странство за повторно да биде со неа и со синот. Оваа улога како да ја претскажува судбината на Марија Калас и причината за нејзината смрт.

https://www.instagram.com/p/B2dydtQIKPP/

Калас била единствена и незаменлива за сите освен за човекот кого го сакала со сето свое срце. Нејзиниот живот од почетокот личел на животот на трагичната хероина.

Била родена на 2 декември во Њујорк, во семејство кое само ѝ предизвикувало страдање и очај. Родителите не се грижеле за неа, бидејќи наместо девојче, очекувале момче. Мајка ѝ често ја споредувала со нејзината постара сестра, која ја сметала за олицетворение на убавина, совршенство и женственост.

Тешка цели 100 килограми, со прчест нос, неверојатно големи раце, непропроционални бутови и густи веѓи, Марија Калас ги имала сите предиспозиции за да биде отпадник. Никој не можел ни да претпостави што ќе стане од неа.

Зрачела и била елегантна, силна и по малку арогантна. Дебитирала во 1942 година во Грчката национална опера како Тоска на Пучини. Оттогаш, успесите само се нижеле и непрестајно добивала улоги. Секоја оперска куќа сакала да биде дел од екипата.

https://www.instagram.com/p/BAh1cdeKNlr/

Така го запознала и Џовани Батиста, бизнисмен кој се оженил со неа кога таа имала само 24 години, а тој 55 години. Ја почитувал и ја идеализирал, ѝ помогнал да го достигне својот полн потенцијал. Со него се обидела да ја освои „Ла Скала“, позната миланска оперска куќа, но била одбиена. Сепак, продолжила да ја усовршува својата техника додека не го создала својот препознатлив стил, по кој ја паметиме и ден денес.

Вториот пат во „Ла Скала“ конечно му покажала на светот што сѐ може и токму затоа таа ќе стане една од најзначајните оперски певици во историјата. Им станала муза на многу режисери, меѓу кои биле и Пазолини, Висконти и Бернштајн. Меѓутоа, во тој период ќе го запознае и човекот кој ќе го уништи нејзиниот живот – Аристотел Оназис.

https://www.instagram.com/p/CEbk3PfpxlX/

Првата средба со Оназис се случила в 1959 година. Иако била мажена, очајно се вљубила во грчкиот милионер. И покрај неговата грубост и ароганција, Калас го напуштила Батиста, додека Оназис не планирал да ги напушти својата сопруга и семејство. Марија Калас ја гледал како нешто минливо, како некоја која би ја побарал кога ќе има слободно време.

Врската со Оназис влијаела и врз нејзината кариера. Била маѓепсана од гламурозниот живот полн со луксуз и забави. И режисерите и публиката забележале дека нејзината техника ослабела, дека не е дисциплинирана како претходно и почнале да ѝ го вртат грбот. Слепо верувала дека Оназис ќе биде покрај неа во тешките периоди, дека нема да се осмели да ја напушти. Згрешила.

Се зборувало дека му родила син, но дека детето починало само два дена по раѓањето. Исто така, се шушкало дека не може да се фокусира на задачите што ги извршува.

Еднаш чула овации и вресоци додека се приготвувала да излезе на сцена. Љубопитна да види кому му ракоплеска публиката, Марија излегла и ја видела вдовицата на Џон Кенеди – Жаклина Кенеди. Кратко потоа, камерите биле вперени во неа. Разочарувањето било уште поголемо вечерта кога дознала дека таа жена била новата сопруга на Оназис.

https://www.instagram.com/p/CC3XHSMqz89/

Ако може да се најде малку правда во оваа приказна, Оназис добро ги платил трошоците на неговата нова сопруга. Скапите хирови на Џеки О како да немале граница. На пример, наредила секој ден приватен авион да прелетува повеќе од 300 км за да ѝ го донесе омилениот леб за појадок. Во меѓувреме, фрустрираниот милионер барал утеха во прегратките на Марија, која воопшто не се двоумела дали повторно да го прифати.

На 23 јануари 1973 година, Александар Оназис, постариот син на Аристотел, загинал во авионска несреќа. Оназис се скршил и паднал во депресија. По смртта на Аристотел, Калас останала изолирана од светот во својата куќа во Париз.

Последните денови ги поминала гледајќи филмови, забавувајќи се слугите и земајќи таблети за спиење и лекови против болки. Не можела да најде смисла во својот живот по заминувањето на човекот кој ѝ предизвикал толкаво страдање.

На 23 септември 1977 година, истрошената и послаба верзија на Марија Калас се разбудила, појадувала во својот кревет и потоа се онесвестила. Починала пред да стигне докторот до нејзината куќа. Така завршила и приказната за Мадам и нејзината неостварена љубов по која копнеела до последен здив.

Поради неа ја оставил жена му и 2 пати се обидел да си го одземе животот: Најинтригантната љубовна приказна во Холивуд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.