„Најдобриот маж на Холивуд“ НЕ  КУПУВА СKAПИ ПОДАРОЦИ, но дава нешто за што некој би платил суво ЗЛАТО

За Метју Меконахи често се вели дека е најдобриот сопруг во Холивуд, а интересно е што на сопругата никогаш не ѝ купува скапи подароци, туку има друг начин да ја изненади, кој вреди многу повеќе.

Љубовната приказна на Метју Меконахи и Камила Алвес е една од најубавите во Холивуд, а овој пар е познат и по тоа што има еден од најстабилните бракови.

Интересно е и тоа што Меконахи никогаш не купува скапи подароци за својата сопруга. Наместо тоа, тој ѝ дава нешто многу повредно – ѝ ги дава белешките што самиот ги прави.

Сериозна нота со малку поезија во неа, за која морав да седнам и да одвојам малку време, вреди повеќе од сè за кое требаше да платам, сподели актерот и нема сомнеж дека многумина би платиле само милиони да добијат вистинско внимание од својата втора половина.

Всушност, рецептот за успехот на нивниот брак е повеќе од едноставен – љубов и прифаќање. Кога Камила би сакала да го поправи својот искривен преден заб, Меконахи не би ѝ дозволил, бидејќи многу му се допаѓа.

Не доаѓа предвид! Го сакам тој твој изронет заб. Таа мала сенка што е од таа страна, но не и од оваа страна. Ми се допаѓа!, рече тој.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.