Еве како да се ослободите од напнатоста кога ќе ве притиснат од сите страни: Фројд имал конкретно решение

Мудри цитати

Советот на Фројд гарантирано ќе ви помогне во ситуациите што ви предизвикуваат анксиозност и стрес

Зигмунд Фројд ја разбирал човечката душа. Знаел што нè разболува и што нè лечи. Ви откриваме 17 совети на Фројд што ќе ви помогнат да се изборите со анксиозноста и подобро да се разберете себеси…

1. Тајната на човечката душа лежи во психичките драми од детството. Пронајдете го длабоко во себе тоа што се случило некогаш и ќе се излекувате.

2. Единствената личност со којашто би требало да се споредувате е вашето минато. И единствената личност поради која би требало да бидете подобри е вашата сегашност.

3. Никогаш не престанувајте да барате сила и самодоверба, но тоа треба да го барате во себе. И силата и самодовербата се внатре во човекот.

4. Не постои сомнеж дека анксиозноста е јазолот на многу ваши прашања: ако го најдете нивниот одговор, ќе дојдете до решение.

5. Невроза е неспособност да се толерира неизвесноста.

6. Не можете да се штедите еден со друг во љубовната врска, бидејќи тоа може само да доведе до отуѓување. Ако постојат проблеми, тие мора да се надминат.

7. За жал, потиснатите емоции не умираат. Без разлика што ги стишувате и замолчувате, тие продолжуваат да влијаат врз вас однатре.

8. Ништо не се случува случајно, сè има своја основна причина.

9. Во одредена смисла, она што го нарекуваме среќа се случува како резултат на задоволувањето на долготрајните потреби.

10. Личноста што ѝ била неприкосновен миленик на својата мајка, целиот свој живот го носи чувството на победа и верба во себе, а тоа честопати доведува до вистински успех.

11. Не дозволувајте ситниците да ви го уништат добриот сон. Ако почнете да ги толкувате соништата, ќе сфатите дека секој од нив има своја причина.

12. Депресијата е замрзнат страв.

13. Храбар и самоуверен станува оној што ќе се увери дека е сакан.

14. Луѓето сметаат дека реалноста е незадоволителна и затоа живеат во светот на имагинацијата, замислувајќи си како им се исполнуваат желбите. Силните луѓе ги остваруваат овие желби. Слабите живеат во фантазија.

15. Добра вежба е да се биде комплетно искрен со себе.

16. Неработниците ретко ги посетуваат луѓето што имаат работа.

17. Само остварувањето на соништата од детството може да донесе среќа.

Зигмунд Фројд тврдел дека силните луѓе ги поседуваат следниве 5 особини: Тие никогаш не го прават ОВА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.