Адел се соблече во костим за капење и ги воодушеви сите: Еве зошто (ФОТО)

Британската пејачка со еден од најубавите и најмоќните женски вокали, чии албуми се продаваат како „алва“, а песните веднаш се претвораат во хитови, Адел, пред неколку месеци ги шокира сите откако симна голем број на килограми. Дури и најголемите почитувачи на нејзиниот лик и дело не можеа да поверуваат дека на папарацо-фотографиите е нивниот идол…

Очекувано, веднаш почнаа да се шират муабети за тоа како успеала да ослаби толку многу…

Имено, поп-пејачката е воодушевена од своето тело и горда на фактот дека изгубила повеќе од четириесет килограми за неколку месеци. Едвај чека да го покаже своето тело во бикини, тврди извор за британски „Мирор“.

Таа е многу задоволна од самата себе. Таа излезе од мрачна фаза од животот и сака на сите да им го покаже своето тело во костим за капење со цел да добие уште поголема самодоверба“, објаснува изворот.

Адел во моментов се придржува до напорни тренинзи и ригорозна диета. Нејзината промена започна откако минатата година се разведе од сопругот Сајмон Конецки. Таа се откажа од алкохол, слатки и цигари. А резултатите се видливи на следната фотографија:

 

 

View this post on Instagram

 

Happy what would be Notting Hill Carnival my beloved London 🇬🇧🇯🇲

A post shared by Adele (@adele) on

Па, што имате да кажете за новата Адел? Или можеби повеќе ви се допаѓа старата Адел, која светската слава ја стекна токму со вишокот килограми?

 

 

View this post on Instagram

 

London / Wembley Stadium / Jun 28

A post shared by Adele (@adele) on

Ние сметаме дека најважно е што се откажала од пороците.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.