Цеца ќе стане баба третпат: Анастасија Ражнатовиќ е бремена! (ФОТО)

Чекаат женско бебе...

Младата поп-ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ за неколку месеци ќе станат родители.

Како што пишува српки „Телеграф“, ќерката на Цеца е во четвртиот месец од бременоста, а парот неодамна го дознал и полот на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Имено, по правењето на тестот и ултразвукот, Анастасија и Немања откриле дека на средината на септември ќе добијат девојче, а тоа посебно ги израдувало и двајцата.

Разбирливо, среќните вести прво ги споделиле со најблиските членови на семејството и пријателите, а најсреќна била Цеца, која заплакала кога ѝ се јавиле, затоа што по двата внука од синот, набрзо ќе добие и внучка.

Анастасија и Немања веќе започнаа заеднички живот во Севиља, а тие веќе и ја подготвуваат собата за бебето. Она за кое размислуваат е името на нивната наследничка, но имаат доволно време да смислат.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.