Тиктокерка изнајмила куќа за забава, па во неа пронашла скриени камери: „Ако ги објават снимките…“ (ВИДЕО)

Внимавајте да не ви се случи истото!

Тиктокерката Кенеди открила морбидна приказна во куќата која ја изнајмиле, а во која имале скриени камери.

На споменатата мрежа, оваа девојка открила детали за куќата која ја изнајмиле за прослава на роденден.

Една нејзина пријателка била уверена дека некој ги набљудува, а нејзините сомнежи набрзо се потврдиле.

Во куќата имаше 15 девојки. Една од нашите пријателки кажа: „Луѓе, навистина не сум параноична, чуствувам дека има камери во куќата“, а ние ѝ рековме: „Девојко, премногу следиш ТикТок, во оваа куќа нема камери, бадијала драмиш“ – започнала таа и додала:

Извади една светилка и почна да истражува. Ја пребара секоја глава од тушот, сите рамки за слики, кваки. Тогаш пронашла камера вперена рамно кон тушот – рекла таа.

@kennedyallegedly Thank you Tiktok for saving the day #airbnb #stalker #hiddencameras #creepy ♬ original sound – kennedy

Потоа покажа и фотографија во тоалетот која била вперена точно кон тушот, додавајќи дека не работела. Меѓутоа детално прегледувајќи, открила мала камера скриена во еден агол.

Се избезумивме и повикавме полиција – раскажала, додавајќи дека веднаш ја напуштиле куќата, а полицијата им јавила дека ги пронашле  камерите и дека ќе ги испратат на анализа.

Тикторкеата изјавила дека им олеснало кога дознале дека камерите биле запленети, но и дека е загрижена бидејќи тие снимиле  „разни срамотни работи“ кои ги правеле.

Ако таа снимка ја здогледа светлината на денот…, рекла во видеото кое го прегледале 10.5 милиони, а има 487.000 лајкови“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.