Цеца и Јоксимовиќ снимаат дует: Откриени сите детали за соработката! (ВИДЕО)

Интересно...

Пејачот Жељко Јоксимовиќ и Цеца Ражнатовиќ снимили дует.

Ова не е првпат Жељко и Цеца да соработуваат, со оглед на тоа дека тој и пеел пратечки вокали на еден од нејзините најголеми хитови „Лепи громе мој“.

Како што изворот за српски „Телеграф.рс“ открил, Жељко напишал песна која е совршена за нивна соработка, па потоа ја контактирал Цеца.

Тие за дуетот се договориле пред почетокот на летото, а песната ќе се најде на албумот која пејачката веќе одамна го подготвува.

Инаку, Цеца овој проект индиркетно го најавувала пред неколку месеци кога ја објавила песната која заедно ја изведуваа „Један дан живота“.

Жељко исто така гостувал во емисијата „Први ред“, кога водителот Огнен Нестеровиќ открил дека е запознат со тоа дека тие двајца ќе имаат дует, а на што пејачот зачудено му одговорил:

„Од каде го знаеш ти тоа?“…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.