Толку од големата љубов: Перо Антиќ и Катарина Ивановска не се повеќе заедно, се отследиле и од Инстаграм! (ФОТО)

The End

По се изгледа толку беше од големата љубовна романса помеѓу поранешниот кошаркар и актуелен претседател на КФМ – Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска.

Барем така веќе некое време се зборува низ градските кулоари, а ако судиме по нивните профили на Инстаграм, парот дефинитивно не е повеќе заедно.

Имено, ако влезете на профилот на Перо на Инстаграм, ќе забележите дека тој не ја „следи“ повеќе Катарина, а истото ќе го видите ако влезете и на нејзиниот профил. Ниту Ивановска не го „следи“ Антиќ на Инстаграм.

Засега ниту едниот, ниту другиот не ја потврдил оваа информација…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.