Тажни слики на Бренда од „Беверли Хилс“: „Сакам да покажам како изгледа карциномот!“ (ФОТО)

Ѕвездата од серијата „Чари“ и „Беверли Хилс“ објави фотографии од болничката постела

Фото: Принтскрин

Актерката Шенон Доерти, повторно зборуваше за својата борба со ракот на дојката и покажа како изгледа без коса.

Ѕвездата од серијата „Чари“ и „Беверли Хилс“ објави фотографии од болничката постела. Една од нив е селфи на која Шенон нема коса и има крварење од нос.

Фото: Инстаграм

Таа напишала тажни, но моќни зборови на Инстаграм.

– Сакам со вас да споделам повеќе за моето патување од прва до наредна дијагноза. Дали е се убаво? Не, но искрено ова го објавувам со надеж дека ќе едуцирам луѓе и ќе им покажам како изгледа рак.

– Се надевам дека ќе поттикнам други да одат редовно на мамографија и да го пребродат стравот од можни лоши резултати. Мене ракот на дојка ми беше дијагностициран во 2015 година. Одев на мастектомија и хемотерапија. Често имав крварање од носот поради хемотерапјата – напишала актерката и открила што и помогнало во таквите ситуации.

Фото: Инстаграм

– Не знам дали некој од вас го искусил ова. Се расположував самата себе носејќи смешни пижами која ми ги подари пријателката Кристи. Дали ми го поправиле расположението? Да! Изгледав урнебесно и се смеев самата на себе. Хуморот ми помогна да поминам низ она што мислев дека не можам. Се надевам ќе можеме сите да пронајдеме хумор во невозможните ситуации – напишала Шенон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.