Соништата на јаве: Катарина Батута ни открива 5 дестинации што ѝ оставиле најсилен впечаток

Познатата травел-блогерка Катарина Батута (@katarina_mandarina) го претставува својот избор на топ 5 дестинации во светот. На тие точки на Земјината топка ги сонувала најневеројатните сништа на јаве, кои ни ги раскажува, и со зборови и низ објективот на камерата.

По читањето на следните редови, веруваме дека ќе ги запишете нејзините дестинации на својата патувачка листа.

Бурма (Мјанмар) ЗЕМЈА НА КОНТРАСТИ

Сè уште незагадена земја од туристи, Бурма ја красат прекрасни луѓе, хинду-култура и апсолутно неверојатни храмови. Познатиот град на столбови и храмови, Баган е највпечатлив во самрак и зори, кога голем број балони летаат над врвовите на храмовите.

Покрај тоа, имав можност да поминам неколку дена со локалното население и младите будисти, во околните храмови и училишта. Нивното секојдневје во секој момент правеше уште една совршена рамка.

Во регионот околу прекрасното езеро Инле запознав жени од племето Падаунг, многу специфични и карактеристични по долгите вратови кои го негуваат уште од детството ставајќи им традиционални метални прстени. Тие на крајот им го даваат овој уникатен изглед, карактеристичен само за ова племе.

Мексико МЕСТО НА НАСМЕАНИ ЛУЃЕ

Огромна земја на радосна музика и древната традиција на Маите. Посебно се поврзав со јужниот дел на земјата, Јукатан и регионот Кинтана Ро, каде што има изобилство од џунгли и бел песок, кој го допира азурното Карипско Море. Бидејќи сум „дете на водата“ и професионално се занимавам со нуркање и фотографирање под вода, моето омилено место го најдов во мексиканските подводни пештери – сеноти, за кои Маите веруваа дека се свети места.

Нуркав низ најневеројатни глетки, лесни, слатки, најчисти води и уживав во облиците на тие подводни структури.

Она што го прави овој регион посебен се мексиканскиот дух, малите шарени гратчиња, музиката на улиците, добрата храна (гвакамоле е најдоброто во светот) и многуте насмевки на секој чекор.

Така е на сончевите места на оваа планета – претпоставувам со сонцето доаѓаат насмеани, топли луѓе.

Африка ЖИВОТНО ИСКУСТВО

Запознавањето со животни во нивното природно живеалиште е животно искуство и мој сон уште од детството – слика што ниту една зоолошка градина не може да ја пренесе.

За време на едномесечното патување низ Африка, посетив две земји, Кенија и Танзанија. Во дивите савани на Танзанија ги фотографирав сите оние животни кои претходно имав можност да ги видам само на ТВ – лавови, стада слонови, жирафи, зебри, носорози, фламинга.

Сега бев на чекор од нив, восхитувајќи ѝ се на исконската убавина на природата.

Стигнавме и до недостапните делови на Танзанија, езерото Натрон и поминавме денови со племињата Масаи, истражувавме вулкани и колонии на фламинго. Ја посетивме и Кенија, нивните резервати, како и познатиот Giraffe Manor, место каде што спиете во стара колонијална вила, опкружена со жирафи – тие појадуваат со вас, а вие се дружите со нив додека сте во градината. Понекогаш можете дури и да добиете бакнеж во носот.

Текст: Катарина Батута

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.